get angry - онтологија

заржи повеќе

заржат
Вид збор: Глагол, свршен
За човек - почне да се лути.
Албански: hidhërohet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Старецот одненадеж заржа.

подналути повеќе

Види и: налути (св.)
подналутат
Вид збор: Глагол, свршен
(се подналути) Се налути малку, донекаде.
Албански: hidhëroj
Примери:
Тој се подналути кога виде што сме направиле.

поднаостри повеќе

поднаострат
Вид збор: Глагол, свршен
Се наостри, се налути, се подготви за кавга.
Албански: hidhërohet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Само што чу што се случило, се поднаостри кон соседите.

потскара повеќе

Види и: скара (св.)
потскараат
Вид збор: Глагол, свршен
(се потскара) Се подналути, се скара некому малку.
Албански: grind, hidhëron
Примери:
Му се потскарав.

потсрди повеќе

Види и: срди (несв.)
потсрдат
Вид збор: Глагол, свршен
(се потсрди) Се налути, се расди малку.
Примери:
Им се потсрдив на пријателите.

разлути повеќе

разлутат
Вид збор: Глагол, свршен
(се разлути) Стане лут, се разгневи, се расрди.
Албански: hidhëroj
Примери:
Многу е лош кога ќе се разлути.

расрди повеќе

Види и: срди (несв.)
расрдат
Вид збор: Глагол, свршен
(се расрди) се разлути
Албански: hidhërohem
Примери:
Зар тој не може да се расрди?

улути повеќе

Види и: налути (св.)
улутат
Вид збор: Глагол, свршен
(се улути) се налути
Албански: hidhërohem
Употреба: Народна поезија
Примери:
(нар. поез.) Крале Марко се улути.